Утрински Весник
Спорт

Надал го „преживеа“ тешкото прво коло на Вимблдон

Освојувачот на рекордни 22 гренд слем титули, Рафаел Надал немаше најдобар старт на Вимблдон, откако пристојно се намачи за да стигне до 6:4/6:3/3:6/6:4 победа над светскиот број 41., Аргентинецот Франциско Серундоло.

Надал, кој долго време беше неизвесен за гренд слемот во Лондон поради повредата на стапалото, започна одлично, освојувајќи ги првите два сета, но потоа дојде падот во играта, што Серундоло го искористи да намали на 2:1, за во четвртиот сет да загуби брејк по маратонскиот трет гем за 2:1 водство на Аргентинецот.

Сепак, како и секогаш, шпанскиот тенисер не се откажа, и направи два брејка во осмиот и десеттиот сет за да го комплетира мечот по 3 часа и 36 минути игра.

Тешко прво коло и камбек имаше и двократната шампионка од турнирот, Чехинката Петра Квитова, на која и беа потребни речиси два часа за со 2:6/6:4/6:2 да ја совлада Италијанката Јасмин Паолини. Симона Халеп, пак, немаше вакви проблеми и со 6:2/6:3 ја „реши“ Чехинката Каролина Мучова.

> Надал го „преживеа“ тешкото прво коло на Вимблдон <

Можете да прочитате

Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место

Пиоли ќе добие отказ, постои список со пет имиња за негов наследник

Њу Орлеанс последен избори плејоф во НБА-лигата