Утрински Весник
Свет

Москва: Киев подготвува нови лажни обвинувања

Москва: Киев подготвува нови лажни обвинувања
Dik 300x250 mk

Москва објави дека Украина со помош на британската разузнавачка служба подготвува нови лажни обвинувања за наводно руско насилство врз цивили, пренесе „Ројтерс“.

„Киев подготвува нови лажни, исценирани провокации во регионот Суми, во кои вооружените сили на Руската Федерација би биле обвинети за наводно сурово постапување со украинскиот народ, сето тоа со помош на британските разузнавачки служби“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците