Утрински Весник
Свет

Морето проголта делови од Албанија, тонат дури и бункерите на Енвер Хоџа отпорни на нуклеарен напад

Морето проголта делови од Албанија, тонат дури и бункерите на Енвер Хоџа отпорни на нуклеарен напад
Dik 300x250 mk

Бункерите од комунистичката ера во Албанија беа изградени за да можат да издржат нуклеарен напад, но никој не предвидуваше дека подоцна ќе бидат „нападнати“ од морето.

Албанските брегови се најпогодени од ерозија во Европа, а експертите велат дека причините за тоа се климатските промени и неконтролираната урбанизација.

На сливот на реката Семан и Јадранот, во централна Албанија, многу бункери изградени за време на владеењето на Енвер Хоџа во случај на американска, советска или кинеска инвазија веќе се потонати. Истата судбина ги снајде и полициската станица, спортското игралиште и нафтениот извор.

Локалните жители тврдат дека за само три децении Јадранското Море проголтало 800 метри крајбрежје во оваа област.

Можете да прочитате

Силен земјотрес ја стресе Јапонија

Во ФБИ истрага уапсени и НБА играчи и тренери

Трамп го помилува основачот на најголемата светска криптоберза „Бинанс“