Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МНР: Успешно завршениот попис е од големо значење за функционирањето на државата

МНР: Успешно завршениот попис е од големо значење за функционирањето на државата
Img 7972

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го поздравува успешно спроведениот попис на населението, кој Државниот завод за статистика како овластен носител на статистички истражувања го спроведе со употреба на најмодерни алатки и технологии, согласно меѓународните стандарди и критериуми на Евростат. Во тој процес, Министерството за надворешни работи го даде својот придонес во делот на попишувањето на нерезидентното население на Северна Македонија во дијаспората, за што изразуваме посебно задоволство, е наведено во писмената информација од ова министерство.

„Успешно завршениот попис е од големо значење за многу сегменти на функционирањето на државата и општеството, како и за обезбедување понатамошен развој, и дотолку по значаен имајќи предвид дека последниот попис во државата беше направен во 2002 година. Во интерес на сите страни е резултатите на овој значаен реализиран државен проект да бидат поздравени и поддржани во нивната понатамошна практична употреба, а нивното политизирање подложи на тврдења кои не се засновани на оправдани и издржани аргументи и стандарди“, посочуваат од Министерството за надворешни работи.

Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски сака партиско судство, се заканува ама никој не му се плаши

Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

Полиција откри поголема количина дрога во скопско Ѓорче