Утрински Весник
Македонија

МНР: Македонија и Бугарија заеднички го чествуваат 24 мај во амбасадите во Белград, Прага, Варшава и Киев

МНР: Македонија и Бугарија заеднички го чествуваат 24 мај во амбасадите во Белград, Прага, Варшава и Киев
Dik 300x250 mk

Во амбасадите на Македонија и Бугарија во Белград, Прага, Варшава и Киев денеска ќе следи заедничко одбележување на празникот 24-мај денот на Светите браќа Кирил и Методиј, информираат од министерството за надворешни работи.

Во рамките на активностите за одбележување на празникот 24-Мај Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, се договорија со заеднички настани амбасадите на двете држави во Белград, Прага, Варшава и Киев, да го одбележат и чествуваат овој значаен празник за заедничката историја и за културата на сите словенски народи, стои во писмениот допис од МНР.

Можете да прочитате

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре

Додека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник