Утрински Весник
Македонија

Мицкоски до евроамбасадорот Гир: Корупцијата и криминалот ја оставаат државата без иднина

Мицкоски до евроамбасадорот Гир: Корупцијата и криминалот ја оставаат државата без иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир.

На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ се разговарако за актуелната политичка и економска состојба, енергетската криза, геостратешките случува во регионот и Европа, како и европските интеграции на државата.

Воедно, Мицкоски смета дека немањето на реформи, лошото менаџирање на владата на СДСМ во однос на економската, енергетската, и здравствената криза, високиот степен на криминал и корупција ја оддалечуваат државата од европскиот пат и не претставуваат европски вредности и стандарди.

Мицкоски го информираше Гир за почестата злоупотреба на европското знаменце при носење на законите во Собранието од страна на парламентарното мнозинство, додавајќи дека власта не ги прифаќа конструктивните забелешки и амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ кои значат бенефит за граѓаните.

Корупцијата и криминалот кои се неказнети ја оставаат државава без иднина и реформи за подобар живот, посочи Мицкоски.

Тој уште еднаш ја афирмираше поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за европскиот пат и полноправно членство на Македонија во Европската Унија, заснована само врз принципиелни основи, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Томовски: Во план е изградба на втор дел жичница од Капиштец до врвот на Водно, заживување на комплексот „Македонско село”, конечна доградба на двата факултета

Ракот на грло на матката шесто најчесто малигно заболување кај жените

Томовски: Време е за нов владин авион да се купи