Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Бугарија не уценува да прифатиме дека до 1945 сме биле Бугари, тоа нема да го прифатиме

Мицкоски: Бугарија не уценува да прифатиме дека до 1945 сме биле Бугари, тоа нема да го прифатиме

Бугарија не е подготвена на реципроцитет и да го признае македонското малцинство, а од нас бара вклучување на бугарското малцинство во македонскиот Устав, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на гробот на Гоце Делчев по повод 150 години од неговото раѓање.

„Споменаа тоа што го кажаа и во јавноста за промена на Уставот и да биде вклучен дел од бугарскиот народ, незначително бугарското малцинство во Уставот, а за тоа не се подготвени на реципроцитет на значителен дел од македонскиот народ кој живее кај нашиот источен сосед“, истакна Мицкоски.

Додаде дека Бугарија исто така не е подготвена да ја тргне понижувачката фуснота за македонскиот јазик и да признае дека е засебен и различен од бугарскиот, но и го злоупотребува членството во ЕУ за да ја уценува Македонија за да прифати заедничка историја.

„Сакаат да се обидат и да ја злоупотребат положбата што се членка на ЕУ да не натераат да прифатиме дека од среден век од првото бугарско царство се до 1945 година имаме заедничка историја и сме биле еден народ-Бугари. Тоа нема никогаш да го прифатиме“, потенцираше Мицкоски.

Кажа дека нема ништо против заедничкото чествување со Република Бугарија на великанот на Македонската револуционерна борба и идеологот на македонската независност, само ако го слават како македонски херој и македонски син Гоце Делчев.

„Ако се слави 150 годишнината од раѓањето на големиот Македонец и македонски син Гоце Делчев, немам против“, рече Мицкоски.

„Македонија, за мене претставува Македонија. Тоа што овие денеска што чествуваа и што имаат привилегирана положба, а не беа со народот, не се. Тоа е за мене Гоце Делчев“, додаде Мицкоски.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово