Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Митровиќ има понуда од Вест Хем

Митровиќ има понуда од Вест Хем
Img 7972

Најдобриот играч и стрелец на Фулам, има понуда во зимскиот преоден рок да се пресели во Премиер лигата. Сериозен интерес за напаѓачот покажа од Вест Хем. „Чеканите“ имаат сериозни амбиции оваа сезона и во лигата и во Лига Европа, во моментов се наоѓаат на петтото место на табелата.

„Трансфермаркт“, специјализираниот сајт за фудбалски трансфери го процени Митровиќ на 18 милиони евра, меѓутоа англиските стручњаци тврдат дека Вест Хем ќе мора да платат 40 милиони евра, доколку саката да го реализирата трансферот.

Митровиќ има неверојатна сезона зад себе, досега на 21 натпревар, во Чемпионшип дивизијата, има постигнато 22 гола. Српскиот репрезентативец постигнува гол на секои 83 минути.

> Митровиќ има понуда од Вест Хем <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН