Утрински Весник
Македонија

Милошоски примен на Инфективната клиника поради зголемена температура

Милошоски примен на Инфективната клиника поради зголемена температура

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник Антонијо Милошоски на Фејсбук објави дека денеска околу 16 часот бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје поради зголемена температура.

– Денес околу 16 часот од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура. Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така. Вчерашниот тест покажа негативни резултати на КОВИД-19, но по препорака на специјалист од Инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден, пишува Милошоски.

Тој на изрази благодарност до семејството и до медицинскиот персонал  за поддршката. мд/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија