Утрински Весник
Македонија

Милевски: Процесот на децентрализација треба да продолжи без одлагање

Милевски: Процесот на децентрализација треба да продолжи без одлагање
Dik 300x250 mk

Првиот состанок на работната група за продолжување на процесот на децентрализација се одржа во просториите на министерството за Политички систем и односи меѓу заедниците.

„ Потребно е да се изготви предлог-програма за продолжување на процесот на децентрализација со акционен план и како и предлози за потребата од изготвување на соодветни измени што ќе обезбедат трансфер на надлежностите и ресурсите од централна во локалната власт, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој вели дека заеднички заклучок е дека процесот на децентрализација треба да продолжи без одлагање и дека на следната владина седница треба да се одобрат информациите за унапредување на фискалната децентрализација, како и ревизијата на нацрт-документот на работната група за проширување на процесот на децентрализација.

Со работната група претседаваше првиот Вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, додека присутни беа и министерот за Финансии, Фатмир Бесими, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски и шефицата на кабинетот на премиерот Заев, Мирјана Јанева.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се апси низ Прилеп – меѓу уапсените бивши функционери и директори на болницата

Томовски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, апсолутен победник на локалните избори

Пандов: Осуденици се однесуваат како во хотел, државата ги чини по 1.000 евра месечно