Утрински Весник
Македонија

Меѓународната конфедерација на Синдикати се заинтересира за опструкциите врз Македонскиот дипломатски синдикат

Македонски дипломатски синдикат: Тивко убивање на македонската дипломатија со новиот закон

13 февруари 2020

Претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Зоран Дабиќ вчера оствари средба со делегација на Меѓународната конфедерација на синдикати со седиште во Брисел.

Амбасадорот Дабиќ детално ги информираше соговорниците за опструкциите што раководството на Министерството за надворешни работи ги применува кон МДС, неговите членови и вработените. И покрај тоа што дипломатите синдикално се афилирани во Синдикатот на администрацијата и државната управа и во Конфедерацијата на слободни синдикати, раководството на МНР до денес не го има внесено во своите интерни акти, заради избегнување на обврската за вклучување на МДС во работните и кадровските процеси во Министерството. МДС е игнориран и негов претставник не е вклучен во работата на Комисиите за упатување на дипломати на работа во Дипломатско-конзуларните претставништва во странство. Се инсистира на пежоративно именување на Македонскиот дипломатски синдикат со цел обесхрабрување на вработените за зачленување, неговите членови се деградираат и им се намалува платата, а опструкциите одат дури до таму што МНР одбива да им пружи помош на економски и социјален план, одбивајќи да ги процесира ратите за лични кредити на вработените за набавка на стоку и услуги за широка потрошувачка.

Претставниците на Меѓународната конфедерација на синдикати се заинтересираа за ваквата положба на МДС и ветија координација во идните постапувања.

Примарна мисија на Меѓународната конфедерацијата на синдикати е промоција и одбрана на работните права, преку меѓународна соработка помеѓу синдикатите и глобална кампања и застапување во најголемите глобални институции, вклучително ЕУ и ОН. Нејзините главни области на ангажман вклучуваат синдикати и човекови права, економија, општество и работно место, еднаквост и недискриминација, како и меѓународна солидарност.

Македонски дипломатски синдикат

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец