Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Мечот Албанија-Полска едвај се доигра – навивачите фрлаа со шишиња кон гостинските фудбалери

Мечот Албанија-Полска едвај се доигра – навивачите фрлаа со шишиња кон гостинските фудбалери
Img 7972

Квалификацискиот меч помеѓу Албанија и Полска беше во прекин десетина минути, откако домашните навивачи фрлаа со шишиња кон полските фудбалери во 77. минута кога Карол Швидерски го постигна водечкиот гол за 0:1 водство.

По неговото славење, следуваше неверојатната реакција на навивачите кои фрлаа со шишиња и со предмети по полските навивачи, а францускиот судија Клемен Турпан реши да го прекине мечот.

По паузата, мечот продолжи, а Полјаците ги освоија трите поени со кои ги поминаа Албанците на второто место во групата И со 15 поени, еден повеќе од Албанија и пет зад лидерите Англија.

> Мечот Албанија-Полска едвај се доигра – навивачите фрлаа со шишиња кон гостинските фудбалери <

Можете да прочитате

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа