Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Мелбурн воведе карантин кој ќе трае шест недели

Мелбурн воведе карантин кој ќе трае шест недели
Img 7972

Мелбурн, вториот по големина град во Австралија, од денеска е под целосен карантин, кој ќе трае шест недели бидејќи властите се борат против вториот бран на коронавирусот.

За време на карантинот, повеќето продавници и компании ќе бидат затворени, што предизвика загриженост на жителите поради недостаток на храна, пренесува „Ројтерс“.

Улиците во главниот град на сојузната држава Викторија, се празни. Во градот со пет милиони жители, има пријавено 471 случаи на коронавирус и осум смртни случаи во последните 24 часа.

Австралија сега има вкупно околу 20.000 случаи на Ковид-19 и 255 починати, што, сепак, е сè уште помалку од многу други развиени земји.

Сепак, пандемијата во Викторија се заканува дека ќе се прошири во другите сојузни држави. Нов Јужен Велс објави 12 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени лица се зголеми на 483. Случаи на коронавирус не се пријавени во други држави и територии.

„Ја спуштивме кривата еднаш и ќе го сториме тоа повторно“, им рече министерот за здравство Грег Хант на новинарите.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, ги повика граѓаните на Мелбурн, кои веќе минале низ неколку недели строги рестриктивни мерки, да останат смирени поради зголемувањето на побарувачката во супермаркетите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната