Утрински Весник
Свет

Мексико регистрираше повеќе од милион заразени со коронавирус

Мексико регистрираше повеќе од милион заразени со коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Мексико надмина еден милион, достигнувајќи 1.003.253 случаи на зараза.

Од почетокот на пандемијата починале 98.259 лица, изјави здравствениот службеник Рикардо Кортес Алкала.

Експертите сметаат дека бројките се многу поголеми, но заменик-министерот за здравство на Мексико, Уго Лопез Гател изјави дека пораспространето тестирање би било „губење на време, енергија и пари“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вашингтон ја тужи администрацијата на Трамп поради распоредување на Националната гарда

Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба

26 земји се подготвени да испратат војници во Украина