Утрински Весник
Македонија

МВР билтен

МВР Билтен

Скопје, 19 јуни 2019 (/) – Полициски службеници од Полициското одделение Камењане вчера во 23:15 часот, во село Горно Палчиште ги лишиле од слобода Љ.М.(29) и Х.В.(24), двајцата од Тетово. При преглед на патничко возило „рено меган“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.М., а во кое како сопатник бил Х.В., била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера во 23 часот во СВР Тетово биле приведени Ф.Љ.(28) и С.А.(39), двајцата од Тетово поради тоа што биле затекнати како вршат продажба на марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера околу 11 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје полициски службеници го привеле Н.А.(52) од Скопје, кој се барал по распишани потерници за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супастанци и прекурсори“ и „предизвикување општа опасност“ од Кривичниот законик, како и по член 33 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. При приведувањето тој давал отпор и физички ги нападнал полициските службеници. Кај него бил пронајден и пиштол.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.Б.(31) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 7 септември 2018 година во Гостивар полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 28 декември 2018 година во Охрид полициски службеници извршиле претрес во дом и простории, при што пронашле и одзеле пиротехнички средства.

Вчера околу 22 часот на потегот од село Табановце, кумановско, кон село Ваксинце, општина Липково, полициски службеници пронашле 21 лице – мигранти, кои биле пренесени и сместени во Транзитниот центар Табановце. Во врска со нивниот транспорт бил приведен Р.Х.(21) од с.Брест, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 19:40 часот во Полициската станица Драчево, Е.В.(54) од Скопје пријавила дека на улица „Живко Фирфов“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Вчера во 18:15 часот во Полициската станица Центар, И.Ј.(47) од Скопје пријавил дека на плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Вќера во 10 часот во Полициската станица Чаир, Д.М.(59) од Скопје пријавил дека на улица „Марко Крале“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Утринава 40 минути по полноќ во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во товарен воз на железничката станица во Миравци се наоѓале мигранти. Полициски службеници излегле на местото и утврдиле дека се работи за околу 20 мигранти од Пакистан, Авганистан и Иран, при што ги симнале од возот. Откако тргнал возот, двајца од мигрантите повторно се качиле по што S.A(21) од Пакистан се доближил до електричниот вод и се здобил повреди од струен удар. Со возило на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 11 часот, полициски службеници од Полициското одделение Теарце, во приватен имот на место викано „Селце“, атар на село Одри, пронашле нежигосано огревно дрво. На местото биле затекнати 45-годишниот Ќ.М. од село Одри и 45-годишниот И.З. од исто село. Дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Д.(71) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“, против С.А.(56) и А.А.(59), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“ и против Џ.М. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 23.06.2016 година првопријавениот, како адвокат, изготвил лажно полномошно, според кое Н.М. го овластил да ги преземе сите дејствија околу склучување на договор за поклон на куќа во Тетово со четвртопријавениот како примател на поклонот. По склучувањето на ваквиот договор, четвртопријавениот ја продал наведената куќа на трето лице. Второ и третопријавениот, како инвеститори, без соодветна документација и одобрение за градба, извршиле доградба на наведената куќа, при што поставиле метална конструкција на катастарска парцела во сопстевност на Република Северна Македонија.

Вчера околу 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ на ул.„Орце Николов“, по претходна вербална расправија, четири лица – вработени во претпријатието физички го нападнале нивниот колега С.Г.(46) од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера во периодот од 12 до 17 часот на подрачјето на СВР Струмица спроведена е акциска контрола за откривање на прекршоци шти ги прават возачите на мотоцикли. На подрачјето на Струмица констатирани се 10 прекршоци. Истиот ден констатирани се осум прекршоци направени од пешаци.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 18 јуни извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 334 возачи, од кои пет возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирано било едно возило, брзината ја надминале девет возачи, под дејство на алкохол биле двајца возачи, тројца неправилно престигнувале, двајца користеле мобилен телефон додека управувале моторно возило, двајца не користеле сигурносен појас и други прекршоци. На прекршителите им се изречени соодветни казни.

Вчера во СВР Штип било пријавено дека во периодот од 23.30 часот на 17 јуни 2019 до 00.10 часот на 18 јуни 2019 година во основното училиште „Страшо Пинџур“ во село Крупиште, штипско, настанал пожар. Со пожарот бил зафатен инвентарот и кровната конструкција на стариот објект од училиштето и дел од кровната конструкција на новиот објект од училиштето. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а увид извршила екипа од СВР Штип.

Утринава десет минути по полноќ на ул.„515“ во Скопје, патничко возило „Опел Вектра“ удрило во полициски службеник, во пределот на ногата, кој преземал службени дејствија, односно дал знак за запирање на возилото. Веднаш се преземени соодветни мерки и возилото било пронајдено на ул.„512“. Во возилото била пронајдена марихуана, два мобилни телефони и алкохолни пијалоци. Утврдено е дека возилото е сопственост на З.Н.(60) од село Желино, тетовско. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера во 15 часот во Полициска станица Е.Г.(68) од Скопје пријавила дека од Психијатриска болница-Скопје се оддалечил нејзиниот син П.В.(42), кој боледувал од склероза. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 19:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„ВМРО“ две лица физички ја нападнале С.Г. од Скопје и и одзеле паричник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 16:30 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.С.(45) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11 часот на улица „Перо Наков“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

На 17 јуни 2019 година во Полициската станица Гази Баба, од Јавната установа „Ранка Милановиќ“ било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник К.Д.(13). Тој претходно повеќе пати самоволно ја напуштал установата и бил враќан од полициски службеници. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер

ВМРО-ДПМНЕ: Дали компанија од соларниот картел на Ковачевски со државна помош гради фабрика за панели кои потоа ќе ги продава на ФЕЦ Осломеј