Утрински Весник
Македонија

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 9 јуни 2019 (/) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга при СВР Охрид поднесе кривична пријава против С. Ф. (46) од село Велешта- струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што информира МВР, на 29.01.2019 година во село Велешта, од страна на полициски службеници при извршен претрес во домот и другите простории на пријавениот бил пронајден и одземен пиштол „ВЗОР“ калибар 7,65м и рамка со пет куршуми,  за кои истиот не поседувал соодветна дозвола.

На Граничниот премин Табановце вчера во 15:20 часот на излез од РСМ поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување патна исправа“ приведен бил Е. Т. (45) од Р. Турција. Тој бил задржан во СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Вчера во 13 часот било пријавено дека на крстосницата од село Кадино Село и село Ново Лагово, влез за село Галичани-прилепско се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл „херк“ без регистарски ознаки, управуван од Д. Б. (32) од село Кадино Село и мопед „вилта ревилт“ без регистарски ознаки, управуван од 16- годишна девојка од село Галичани.

Како што информиа МВР, во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот Д. К., а девојката што го управувала мопедот се здобила со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Вчера во 12:10 часот било пријавено дека во Гостивар на крстосницата од улицата “Бранко Станоевиќ“ со улицата “Павле Аврамоски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “туран“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ќ. Ф. (62) од Гостивар, и скутер “јонвај“ управувано од В. Г. (57) од Гостивар. Возачот на скутерот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Во Полициското одделение Галате вчера во 22:20 часот А. А. (72) од село Дебреше пријавил дека истиот ден околу 20,15 часот во село Дебреше неговиот 11 годишен внук бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога. аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Започна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка на Скопје

СДСМ: Хаос во Скопје, граѓаните трпат огромна штета поради неспособното ВМРО-ДПМНЕ

Во Германија запленети 2.100 лажни часовници, наменети за македонскиот пазар