Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 1 јули 2019 (/)Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 1150 возачи од кои 25 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 14 возила, брзината ја надминале 30 возачи, на мобилен телефон разговарале тројца возачи, а додека шест други не користеле сигурносен појас.

На 30.06.2019 година на подрачјата на СВР Велес, СВР Струмица и СВР Штип извршена е контрола на возачите за непрописно престигнување, при што изречени се вкупно 24 казни.

На 01.07.2019 година во 00.10 часoт во Полициската станица Тетово, 48-годишната Д.В. од Тетово пријавила дека претходниот ден околу 22.30 часот на улица „Истра“ во Тетово била касната од куче во пределот на левата нога, сопственост на лицето М.Н., кој живее на улицата. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.07.2019 година во 02,15 часот било пријавено дека во Неготино на булеварот „Маршал Тито“ Ј.Ј.(21) од Неготино управувајќи мотоцикл „Кимко“ без регистарски ознаки удрил во паркирано патничко моторно возило „Рено“ со неготински регистарски ознаки паркирано од Д.Б.(26) од Неготино. Возачот на мотоциклот се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствениот Дом-Кавадарци за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.

На 30.06.2019 околу 20.40 часот било пријавено дека во с.Желино, тетовско, при семејна расправија, Ф.Р.(56) од село Желино со остар предмет му нанел убодна рана на неговиот син Р.Р.(23). Според пријавеното, додека Р.Р. бил во друштво со Ф.А.(19) од село Боговиње во своето возило, дошол Ф.Р. со нивен роднина Е.Р.(31) од село Желино и физички ги нападнале. Според пријавеното, во еден момент Ф.Р. го удрил Р.Р. по раката и со остар предмет му нанел убодна рана. Р.Р. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ -Скопје. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа при СВР Тетово. Ф. Р. и Е. Р. биле приведени и задржани во СВР Тетово и по целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.06.2019 година во 21.20 часот во СВР Скопје, Р.А.(39) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20.00 часот на улица „Јајце“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се работи на расчистување на случајот.

На 30.06.2019 година во 19.30 часот во СВР Скопје, Д.С.(21) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14.25 часот во Аква Парк кај Спортски центар „Борис Трајковски“, каде бил вработен преку Црвен Крст како спасувач, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 30.06.2019 година во 17.00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во с.Кучевиште било пронајден починат, без траги на насилство, П.Л.(83) од Скопје, кој беше пријавен дека се оддалечил од домот на 28.06.2019 година. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

На 30.06.2019 година во 19.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во населба Плитишта во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ф.(36), И.Ф.(64), А.Ф.(41) и Д.Ф.(18), сите од с.Лабуништа, струшко и А.М.(28) од Струга. По преземени мерки лицата биле приведени во Полициската станица Струга и по целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 30.06.2019 година околу 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека Б.В.(29) од Скопје бил однесен од А.М.(29) и К.П.(29), во угостителски објект во Скопје и не му дозволувале да си оди поради нерасчистени должничко-доверителни односи. По превземени мерки, полициски службеници го пронашле лицето Б.В. во угостителскиот објект, го лишиле од слобода А.М. и го привеле во полициска станица, а К.П. сам се пријавил во Полициската станица Карпош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е.(50) од с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојништво’’. На 21.06.2019 година околу 22.00 часот во с.Форино И.Е. извршил разбојништво над У.А.(38) од с.Желино, при што од патничко возило „Мерцедес“, сопственост на У.А., одзел торба со пари. вг/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Ковачевски на маса со европските лидери – Мицкоски изолиран со Апасиев

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност

Сончево време со температура до 26 степени