Утрински Весник
Македонија

МВР билтен (ДПЛ)

МВР Билтен

Скопје, 30 јуни 2019 (/) – Во Полициската станица Тетово вчера во 21:30 часот, врз основа на судска наредба, бил приведен А.А.(53) од село Мерово за доиздржување на казна затвор во Казнено-поправната установа – Затвор Идризово. Лицето било спроведено за доиздржување на казната затвор.

Вчера во 18:45 часот на патот Градско – Скопје, во близина на исклучокот за Штип, патничко возило „Тојота aвенсис“ со српски национални ознаки, управувано од А.М.(45) од Република Србија, излетало од патот. Во незгодата сопатничката Љ.М. се здобила со тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош во болницата во Велес. Увид извршила екипа од СВР Велес.

Вчера во 2:30 часот во двор на ул.„Кавала“ во Битола, полициски службеници пронашле неколку пакувања со марихуана. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера околу 16 часот било пријавено дека во Скопје на кањонот „Матка“, И.Б. (32), Л. З. (33) и Џ.К. (33), А. И. (21), Л. Х. (32), и Б. А. (36) биле навредувани и добиле закани од неколку лица. Потоа, во близина на плоштадот “Иса Булетини“ во Сарај Ј.А. (30) од Скопје физички го нападнал Б.А. Ј.А. веднаш е приведен во полициска станица за натамошна постапка и целосно расчистување на случајот.

Вчера во 13:30 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.А.(50) од Скопје, вработен во Ветеринарна Болница на ул.„Лазар Поп Трајков“, пријавил дека истиот ден околу 12:15 часот во ветеринарната болница физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 9:30 часот во Полициската станица Чаир, Б.Ш.(41) и З.А.(40) од село Кучевиште, скопско, пријавиле дека на 28 јуни 2019 година околу 23 часот во с.Радишани, скопско, Б.С. и Л.С. физички ги нападнале нивните малолетни синови. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Утринава во 2 часот во Полициската станица Центар, С.С.(23) пријавил дека на бул.„Партизански Одреди“ физички бил нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 11 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, Р.Р.(72) од Скопје пријавила дека на улица ,,Ѓорче Петров’’ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

Вчера во 22:40 часот во Полициската станица Прилеп, Р.С.(40) од Прилеп пријавил дека во населба „Точила-1“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Вчера во 16:35 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во стан на улица „Пушкинова“ во Скопје има починато лице без видливи траги на насилство. Утврдено е дека се работи за лицето Н.А.(41) од Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Вчера во 13:50 часот во СВР Скопје, вработена во аптека на улица „Димитрие Чуповски“ пријавила дека непознат сторител извршил разбојништво и одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Итринава, 40 минути по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје две лица извршиле разбојништво над Ф.Д.(19) и И.П.(19), двајцата од Штип, при што им одзеле пари и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска, десет минути по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека во казино на улица „Народен Фронт“ непознат сторител извршил разбојништво и одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран