Скопје, 29 јуни 2019 (/) – Утрово во 01:00 часот во СВР Охрид бил приведен и задржан Л.Л.(23) од Косово. На Граничен премин Аеродром „Св Апостол Павле“ во Охрид, при пасошка контрола било констатирано дека лицето на увид дало патна исправа на лице од с.Арачиново, скопско. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во 15:30 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, А.Д.(41) од Струмица, управувајќи патничко возило „Пежо 307“ со струмички регистарски ознаки, удрил во С.А.(58) од Струмица. С.А. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.
Околу 19:00 часот вчера на крстосницата од улиците „500“ и „526“ во нас.Ајдучка Чешма во Куманово, Г.Т.(39) од Куманово, управувајќи патничко возило „Фиат Добло“ со кумановски регистарски ознаки, удрила во велосипед што го управувал малолетник од Куманово, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Куманово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Вчера околу 15:15 часот било пријавено дека на ул.„Бутелска“ во Скопје, Б.Д.(65) од Скопје, управувајќи велосипед изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа, Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Во 11:40 часот вчера во СВР Охрид, Џ.Н.(35) од Охрид, вработен во фирма во Охрид пријавил дека на 27.06.2019 година од банка во Охрид бил известен дека до банката биле доставени документи дека фирмата каде бил вработен треба да уплати пари на фирма од Германија. По извршена проверка било утврдено дека непознат сторител им пратил лажна фактура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Утрово околу 01:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“,М.Л.(21) и З.М.(22), двајцата од Скопје, физички биле нападнати од лицето Ј.К. и неколку други лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Во 05:40 часот утрово во СВР Струмица, К.В.(24) од Струмица пријавил дека истиот ден околу 05:00 часот во дискотека во Струмица бил физички нападнат од лицето Т.А. од Струмица. Се работи на расчистување на случајот.
На 28 јуни 2019 година во 02:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.С.Н.(49) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на бул.„Јане Сандаски“ била физички нападната од А.Н., која претходно ја вознемирувала. Се работи на расчистување на случајот.
Во текот на вчерашниот ден во 18:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во напуштен угостителски објект на ул.„Максим Горки“ во Скопје. Пожарот е локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема.
Вчера во 19:40 часот во СВР Скопје, М.К.(43) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот татко П.Л.(83) од Скопје, кој има здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 28 јуни 2019 година во 06:50 часот во Полициската станица Кичево, Г.Т.(44) од Кичево пријавил дека истиот ден околу 06.10 часот на ул„4-ти Јули“ во Кичево бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
На 29 јуни 2019 година во СВР Скопје, Ј.У.Д.(23) и M.Ј.(25) пријавиле дека на 28 јуни 2019 година во 23:40 часот во с.Трубарево, скопско, две лица физички ги нападнале и им одзеле пари и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фф/нд/