Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен

Скопје, 25 јуни 2019 (/) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.02.2019 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.11.2018 година полициски службеници извршиле претрес во станот во кој престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и семки од растението Cannabis.

Полициската станица Дебар до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.Р.(36) и Р.Р.(59), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материи“. На 21.06.2019 година полициски службеници извршиле претрес во нивна штала во селото Шулан, при што пронашле и одзеле три рачни бомби со две запалки, рамки за автоматска пушка, куршуми калибар 7,62 милиметри и други предмети. Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е изречена мерка притвор.

На 24.06.2019 година во 21:30 часот во СВР Скопје, А.Џ.(18) од Скопје пријавил дека на ул. „Нов Живот“ бил физички нападнат од Д.Б. и Е.В. Сочинет записник по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 24.06.2019 година околу 09:40 часот во Полициското одделение Новаци, маж пријавил дека Т.Н.(55) од село Долно Чарлија ја допирал по телото неговата малолетна ќерка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

На 22.06.2019 година во Полициската станица Гази Баба, социјална работничка во домот „25 Мај“ пријавила дека од установата се оддалечил штитеникот К.Д.(14) од Кавадарци, кој повеќе пати досега ја напуштал установата и бил враќан од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 24.06.2019 во 16:10 часот на регионалниот пат Волковија –Тетово, во близина на крстосницата за село Челопек, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Mерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(50) од село Порој и товарно возило „Фиат добло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(49) од село Брвеница. Во незгодата со повреди се здобил С.Т., и бил пренесен во тетовската болница. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

На 24.06.2019 година во Полициската станица Гази Баба, социјален работник во домот „25 Мај“ пријавил дека од установата се оддалечил штитеникот М.А.(19), кој повеќе пати досега самоволно ја напуштал установата и би враќан од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Ф.(26), А.Ѓ.(24), С.Ф.(52), А.Ѓ.(31), С.Ф.(35) и Г.К.(25), сите од село Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 31.03.2018 година во село Зелениково, во автобус кој сообраќал на релација Скопје – село Зелениково, пријавените физички го нападнале возачот на автобусот.

Полициската станица Кочани поднесе кривична пријава против З.Д.(53) од с.Тркање, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на комјутерски систем“. На 09.05.2019 година на социјалната мрежа „Facebook“, пријавениот објавил текст во кој повикувал на насилство.

На 23.06.2019 година во 16:20 часот во СВР Скопје, Б.С.(38) од Република Бугарија пријавил дека во с.Долна Матка бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот. фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

50 санкции за недавање првенство на минување

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

108 санкционирани возачи во Скопје