Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Маричиќ: Унијата мора да биде похрабра во однос на политиката на проширување

Маричиќ: Унијата мора да биде похрабра во однос на политиката на проширување
Img 7972

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес се обрати на економскиот форум на Фајнанс Тинк, истакнувајќи ја важноста на реформите и придобивките од процесот на европска интеграција на земјава, со фокус на економијата и економскиот развој.

– Стабилни и демократски институции се почетна точка за економски развој. Процесот на европска интеграција е суштински фактор за успешна трансформација на земјите од регионот. Овој процес ќе даде силен поттик и нова динамика на спроведување на политичките и економските реформи, со цел побрзо да се достигнат европските стандарди, рече Маричиќ, потенцирајќи дека Унијата мора да биде похрабра во однос на политиката на проширување, што неминовно ќе доведе до мотивација и импулс, и на граѓаните и на економијата, но и на граѓанското општество, да бидат поактивни, па и во бизнис можностите и искористување на европските пари за развој на економијата.

Вицепремиерот Маричиќ истакна дека сите стандарди не можат да се постигнат во ист момент и дека за тоа треба време.

-Токму затоа ни е потребна помош во овој процес и од економските оператори и од граѓанскиот сектор затоа што колку потесно гледаме во остварувањето на потесниот интерес на краток рок, толку потешко ќе ни биде потоа да спроведеме вистински реформи за вистинско наше интегрирање на заедничкиот пазар, додаде Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ говореше и за спроведувањето на ИПА како и програмирањето на оваа и идната година, како и за приоритетот кој го постави Влада во изминатите 5 години, истакнувајќи дека има уште многу за работа, во подобрувањето на имплементацијата, која ќе се движи во насока на зајакнување на економијата паралелно со европските интеграции.

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села