Утрински Весник
Македонија

Маричиќ со претседателката на Антикорупциската комисија разговараше за реформите во правосудството

Маричиќ со претседателката на Антикорупциската комисија разговараше за реформите во правосудството

„Плодна дискусија за соработка се разви на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска и Владимир Георгиев, член на ДКСК“, соопшти МИнистерството за правда.

На состанокот се дискутираше околу одговорноста на институциите во реформите во правосудството, како и потребата за подобрување на соработката на институциите за водење на поуспешна превенција и активна борба против корупцијата.

„Министерот Маричиќ истакна дека ќе биде поддршка на Државната комисија за спречување на корупција во насока на унапредувањето на капацитетите за борба против корупција и посочи дека токму Антикорупциската комисија е една од клучните институции во процесот на преговори со ЕУ. На средбата се дискутираше и околу исполнувањето на препораките од V-круг на ГРЕКО“, се додава во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

ВМР-ДПМНЕ: Оставката на Ристоска е ден на жалост за рекет обвинителите и ден на среќа за обесправените

Во месец март констатирани 26.241 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“