Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Достоинствено, одговорно и мудро денес правиме чекор кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, ја поздрави денешната одлуката на мнозинството пратеници, кои го поддржаа францускиот предлог за почеток на преговорите.

dobivaj vesti na viber

“Мнозинството пратеници ја докажаа својата визија за европска Северна Македонија, давајќи глас за поддршка на францускиот предлог кој значи почеток на преговорите со Европската Унија. Со денешната одлука ја потврдуваме европската иднина на земјата. Нашиот пат кон Брисел беше тежок и пол предизвици, но вложивме многу труд, енергија и искрено верувавме во нашите цели и определби. Знаевме што сакаме: Демократија, напредок, македонски идентитет, Европа и НАТО и тоа го исполнавме. Покажавме многупати досега дека сме зрели како држава и спремни да станеме партнери со европските земји. Продолжуваме на нашиот македонски и европски пат.” напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот Маричиќ.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено