Утрински Весник
Спорт

Мареј: Мислам дека прележав коронавирус

Енди Мареј со прва победа од јануари наваму

Лондон, 25 април 2020 (МИА) – Поранешниот број еден во светот, Енди Мареј за Си-Ен-Ен изјави дека веројатно го прележал коронавирусот.

Сепак, трикратниот добитник на Гренд-слем не е сигурен, бидејќи тој не направил тест, откако се чувствувал подобро по околу една недела третман дома.

– Тестовите се наменети за луѓе во посложена состојба и за медицинскиот персонал. Се чувствував лошо 2-3 дена пред да се објави карантинот. Бев изолиран дома. Разговарав со луѓе кои ги имаа истите симптоми, но невозможно е да се утврди дали го носиш вирусот или не, вели Мареј, кој е песимистички настроен во врска со скоро враќање на тенисот.

Уште повеќе, тој верува дека тенисот последен ќе го продолжи нормалниот ритам.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026