Утрински Весник
Спорт

Манчини за ждрепката: Па, можеше и подобро

Манчини за ждрепката: Па, можеше и подобро
Dik 300x250 mk

Италијанскиот селектор Роберто Манчини признава дека „можело и подобро“ во ждрепката за пласман на СП во 2022, секако така мислејќи на потенцијалниот дуел со Португалија, а не на полуфиналето со Македонија, но е сигурен дека „аѕурите“ ќе бидат на собирот на најдобрите светски репрезентации.

„Аѕурите“ ќе не пречекаат на „Олимпико“ во Рим во март, а потоа ако не минат ќе играат со подобриот од мечот Португалија-Турција.

„Можеше да биде и подобро, тоа е вистина. Јасно, прво одиме чекор по чекор, треба ние и Португалија да ги победиме Македонија и Турција. Се игра во еден меч, што носи посебни тешкотии. Сите сме сигурни во нашиот квалитет, посебно во тешките моменти. Имавме одлична квалификациска група и заслуживме да победиме против Швајцарија, но не го направивме тоа. Прво мораме да одиграме добар меч, а потоа ќе видиме во финалето“, вели Манчини.

Тој признава дека сакал да ги избегне Португалија и Кристијано Роналдо, репрезентација која има 9 последователни пласмани на ЕП и СП во низа.

„Секако, со задоволство ќе ги избегневме, но мислам дека и тие сакаа да не избегнат нас“, додава Манчини.

Јуначка ждрепка за Македонија! Гостување кај Италија, па потоа оди на Португалија или Турција

> Манчини за ждрепката: Па, можеше и подобро <

Можете да прочитате

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс

Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“