Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед подготвени за „огромна“ понуда за Кејн

Манчестер јунајтед подготвени за „огромна“ понуда за Кејн

Манчестер јунајтед се подготвени да дадат „значителна“ понуда за Хери Кејн со која дури ќе му ги покријат сите трошоци ако тој реши да поднесе барање за трансфер до Тотенхем, тврдат британските медиуми пред последното коло во Премиер лигата.

Јавното признание на англискиот напаѓач дека сака да замине од Тотенхем ова лето ги постави европските гиганти во интересна трка за неговиот потпис, и иако се верува дека Манчестер сити се први фаворити, нивните градски ривали ќе се обидат да направат голема зделка за која се подготвени добро да платат, тврди „Тајмс“.

Според нивните извори, тие одамна ја знаат желбата на Кејн да замине од Тотенхем, и иако се веруваше дека со продолжувањето на договорот на Единсон Кавани тешко е да се очекува да купат нов напаѓач ова лето, „Тајмс“ вели дека се подготвени да ги исплатат сите бонуси за лојалност кои Кејн требаше да ги добие од Тотенхем ова лето. Покрај тоа, скапиот трансфер би бил совршен начин сопствениците, семејството Глејзер, да одговорат на бројките критики против нивното владеење со клубот.

Солскјер бил подготвен да го продаде Антони Марсијал (4 гола во 22 меча оваа сезона), за да ослободи место во нападот и да се финансира дел од трансферот на Кејн.

> Манчестер јунајтед подготвени за „огромна“ понуда за Кејн <

Можете да прочитате

Бетербиев нов апсолутен боксерски првак во полутешка категорија

Работници од Албанија и Романија се тепале при изградба на Камп Ноу

Се започна од Крањ, денот кој ќе биде запаметен во македонската фудбалска историја (ВИДЕО)