Утрински Весник
Спорт

Манчестер Јунајтед го задржува Бруно Фернандеш до 2027 година

Манчестер Јунајтед го задржува Бруно Фернандеш до 2027 година

Португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш, кој беше кобен за фудбалската репрезентација на Македонија во баражот за СП, ќе добие нов подобрен договор од раководството на Манчестер Јунајтед. Преговорите се веќе завршени и се очекува официјализирање на новиот договор кој ќе има важност до 2027 година.

Бруно Фернандеш дојде на „Олд Трафорд“ пред две години и веднаш се наметна како еден од главните играчи во средниот ред на „црвените ѓаволи“. Во моментот, без него не може да се замисли линијата за врска во составот на Ралф Рангник.

Манчестер Јунајтед во моментот се наоѓа на шестата позиција на табелата во Премиер – лигата и до крајот на шампионатот ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

> Манчестер Јунајтед го задржува Бруно Фернандеш до 2027 година <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026