Утрински Весник
Спорт

Манчестер Сити тргнува по Борна Соса

Манчестер Сити со недели се обидуваше да го доведе Марк Кукуреља од Брајтон, но на крајот Челси се вмеша и го направи Шпанецот најплатениот лев бек во историјата на фудбалот. Челси за 24-годишниот Шпанец на Брајтон му плати околу 65 милиони евра, а висината на обештетувањето може да се зголеми во зависност од бонусите.

dobivaj vesti na viber

Гвардиола и Манчестер Сити сега се во проблем бидејќи во овој преоден рок го продадоа левиот бек Олександар Зинченко на Арсенал, а на таа позиција остана само Жоао Кансело.

Германските медиуми тврдат дека Гвардиола како решение за проблемот на левата бековска позиција гледа во хрватскиот репрезентативец Борна Соса. Штутгарт за 24-годишниот Соса бара околу 25 милиони евра.

Соса во Бундеслигата стана еден од најдобрите млади дефанзивци во светот и е познат по одличните нафрлувања, а Гвардиола смета дека тој би бил идеалниот пакер за Ерлинг Халанд, новиот напаѓач на Манчестер Сити.

Штутгарт пред четири години на Динамо Загреб му плати 6 милиони евра за Соса, а тој во дресот на германскиот клуб постигна три гола и запиша 23 асистенции.

Можете да прочитате

ПСЖ во јануари ќе му плати 30 милиони евра на Интер за Шкриниар

Милевски: Без разлика на се, мислам дека сме на вистинскиот пат

„Аѕурите“ одат на Ф4 во Лигата на нации