Утрински Весник
Македонија

Малолетник со мотор удри во приколка, со тешки повреди е пренесен во болница

Малолетник со мотор удри во приколка, со тешки повреди е пренесен во болница

Седумнаесетгодишник е пренесен во прилепската болница со тешки повреди по сообраќајна несреќа што се случи вчера на селскиот пат кај местото викано „Рештарица“.

МВР соопшти дека малолетникот возел мотоцикл „мондиал“, без регистарски ознаки и удрил во приколка прикачена на паркиран трактор, сопственост на Н.Н.(20) од с.Годивје.

Извршен бил увид на местото на незгодата од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Можете да прочитате

Вкупно 20 пожари до 19 часот!

Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро ќе има во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за телефони за да купат клими за болничките соби