Утрински Весник
Спорт

Македонија од вториот шешир ги чека противниците на СП

Македонија од вториот шешир ги чека противниците на СП

Ракометната репрезентација на Македонија денеска (17.00 ч.) ќе ги дознае имињата на противниците со кои ќе се соочи на Светското првенство, кои во јануари наредната година ќе се одржи во Полска и Шведска.

На Мундијалот 32 селекции ќе бидат поделени во осум групи со по четири репрезентации. Најдобрите три одат во следната фаза. Бодовите освоени во дуелите со тие ривали се префрлаат во новата група, каде секоја селекција ќе одигра уште по три натпревари.

Во втората фаза ќе бидат формирани четири групи од по шест репрезентации, а најдобрите две од секоја група ќе се пласираат во четвртфиналето на Светското првенство.
Македонија се наоѓа во вториот шешир заедно со Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска, Црна Гора.

Светското првенство воедно е и квалификациско за пласман на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Седумте најдобри селекции ќе останат во игра за пласман во најважното спортско натпреварување.

Прв шешир: Данска, Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Исланд, Германија, Африка 1.

Втор шешир: Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска, Црна Гора, Македонија.

Трет шешир: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3.

Четврти шешир: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Република Кореја, САД, Холандија, Словенија.

Фото/macedoniahandball.com.mk/

> Македонија од вториот шешир ги чека противниците на СП <

Можете да прочитате

Трабзон го промовираше Барди

Милошевиќ на местото на Столица

Ако замине сега Дембеле, ќе добие половина пари од трансферот