Утрински Весник
Магазин

Мадс Микелсен: Ќе беше креативно самоубиство да го копирам Џони Деп во „Фантастични ѕверки“

Мадс Микелсен: Ќе беше креативно самоубиство да го копирам Џони Деп во „Фантастични ѕверки“
Dik 300x250 mk

Мадс Микелсен се отвори за замената на Џони Деп во неговиот најнов филм Fantastic Beasts: The Secrets of Dumbledore, и за тоа како се трудел да испорача своја верзија на главниот лик.

Данскиот актер ја презеде улогата на злобниот волшебник Гринделвалд откако  Деп поднесе оставка на барање на студиото, по загубениот случај за клевета против „Сан“ за напис од 2018 година.

Во ново интервју за GQ, Микелсен говори за притисокот и за тоа како се трудел неговата верзија на ликот да биде различна од таа на Деп.

„Да го копираш би било креативно самоубиство“, објасни тој, додавајќи дека на неговиот Гринделвалд гледа повеќе како продолжување.

Во филмот, Микелсен покажува драматично поинаков Гринделвалд: ја нема белата коса, а и бледото око е ублажено.

Микелсен призна дека имало голем притисок да се спаси серијалот во услови кога печатот не бил многу наклонет. „Ако почнете да слушате сè, не би се осмелиле да направите ниту еден чекор“.

Тој доби позитивни рецензии од професионалните критичари.

„Микелсен се провлекува во улогата на Гринделвалд толку природно што е лесно да заборавите дека Деп некогаш ја играл оваа улога“, стои во рецензијата на „Инсајдер“.

Можете да прочитате

Нов пресврт во правната сага меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: нејзината тужба останува, неговата падна

Хумус со тиква – 24info.mk

Животните навики на родителите пред бременоста влијаат врз здравјето на детето, тврдат белгиски лекари