Утрински Весник
Спорт

„Лукаку е подобар напаѓач од Левандовски“

„Лукаку е подобар напаѓач од Левандовски“

ФИФА, во четврток, ќе ја додели наградата „The Best“. Прв фаворит за оваа награда е Роберт Левандовски. Конкуренти на напаѓачот на Баерн му се Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Левандовски зад себе има неверојатна година, со Баерн најпрвин ги освои првенството и Купот на Германија, а потоа триумфираше во Лигата на шампионите и во Суперкупот на УЕФА.

Иако многумина се воодушевени од она што го прави Полјакот на теренот, тоа мислење не го дели поранешниот италијански репрезентативец Кристијан Виери. Тој смета дека во моментотв нема подобар напаѓач од Ромелу Лукаку.

„Доколку Лукаку играше за Баерн, сигурен сум дека ќе постигнеше ист број на голови како и Левандовски. Не сум сигурен дека Лева, доколку играше за Интер ќе постигнеше ист број на голови како и Лукаку. Сметам дека во моментов Лукаку е најдобар напаѓач во светот, тој е пред Хари Кејн и Левандовски“, порачал Виери.

> „Лукаку е подобар напаѓач од Левандовски“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026