Утрински Весник
Економија

Лидерите од Западен Балкан се согласија за регионални мерки за побрзо економско закрепнување

Лидерите од Западен Балкан се согласија за регионални мерки за побрзо економско закрепнување

Интензивна економска соработка и регионални пакет-мерки за социо-економско закрепнување од пандемијата на Ковид-19 се меѓу заклучоците од дискусијата на лидерите од шесте земји од регионот на денешниот виртуелен самит, организиран од Атлантскиот Совет на САД, посветен на економската интеграција на Западен Балкан.

Како што се наведува во соопштението од настанот, учесниците се согласиле дека преку зајакната економска соработка, слободно движење на луѓе, добра и услуги, ќе се придонесе кон побрзо социо-економско закрепнување на регионот, ќе се зголеми неговата конкурентност, а ќе биде и попривлечен за влез на странски инвеститори.

Меѓу заклучоците од самитот се и преземените обврски за отстранување на административните пречки за слободното движење на добра и услуги, вложување во инфраструктурни и инвестициски проекти со кои брзо и ефикасно ќе се спроведуваат чекори за закрепнување на регионот.

Македноснкиот претседател, Стево Пендаровски, како учесник на самитот истакна дека економските иницијативи се многу важни затоа што тие можат да помогнат во справувањето со масовното иселување на жителите од Балканот.

„Регионалната соработка може значително да придонесе за подобрување на економските параметри на земјите, за полесно да се справат со миграцијата“, додаде тој.

На виртуелниот самит свое учество земаа и останати високи претставници од шесте земји од Западен Балкан, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, косовскиот премиер Авдулах Хоти, претседателот на Советот на министрите на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија и црногорската министерка за економија, Драгица Секулиќ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

По Божик ќе биде исплатен вториот заем од 500 милиони евра од Унгарија, најави Мицкоски

Економски форум „Трка до дното“ – Транспарентност на државната помош за привлекување и поддршка на инвестиции во Западен Балкан

Експерти од Народната банка дадоа придонес кон студија на Светската банка за корпоративната финансиска одржливост