Либанските безбедносни сили вчера ги предупредија луѓето во Либан да не ја користат мобилната апликација – „CallApp“ поради сомнителна активност поврзана со Израел, пренесува „Мидл ист монитор“.
„ Во рамките на постојаното следење на сомнителните апликации, особено оние создадени од израелскиот непријател, неодамна се појавија сомневања за апликацијата CallApp,“ се вели во соопштението на Генералниот директорат за државна безбедност .
Директоратот ги повика либанските граѓани да не ја користат апликацијата, додавајќи дека таа им овозможува на своите корисници „да ги контролираат и управуваат сите повици на нивните паметни телефони“.
„ Опасноста на „CallApp“ лежи во неговата способност да ги контролира сите податоци за контакт на телефонот“, се вели во соопштението.