Утрински Весник
Спорт

Ла Лига се враќа на 8 јуни!

Ла Лига ја претстави топката за новата сезона

Мадрид, 23 мај 2020 (МИА) – Долгоочекуваната вест за шпанските фудбалски навивачи е факт!

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека фудбалскиот шампионат во земјата добил „зелено светло“ за повторно да започне од неделата, која започнува на 8 јуни (понеделник).

– Шпанија прави што може и сега се отвораат нови хоризонти. Време е да се продолжи со многу активности. Ла Лига се враќа на 8 јуни, рече тој.

Сега шефовите на Ла Лига по паузата ќе одлучат за датумот за првото коло во Шпанија. Ова се очекува да биде викендот на 13-ти и 14-ти јуни.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко