Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Лансиран најмоќниот и најскапиот Вселенски телескоп

Лансиран најмоќниот и најскапиот Вселенски телескоп
Img 7972

НАСА лансираше телескоп вреден девет милијарди долари на северниот дел на јужноамериканскиот брег, кој отсега ќе овозможи најдлабок увид во вселената, што ќе го означи почетокот на новата ера на астрономски истражувања.

Моќниот телескоп Џејмс Веб, кој користи инфрацрвена светлина, ќе биде најважната вселенска научна лабораторија во следната деценија, според НАСА.

Доколку се оди според планот, инструментот тежок 6.350 килограми ќе биде изваден од ракетата по 26-минутен лет во вселената.

Телескопот потоа ќе се пресели во својата соларна орбита на околу 1,6 милиони километри од Земјата во следниот месец. Неговата орбита околу Сонцето постојано ќе биде усогласена со Земјата, така што апаратот и нашата планета ќе се движат во тандем.

Претходникот на овој уред, вселенскиот телескоп Хабл, орбитира околу Земјата на надморска височина од 550 километри и влегува во сенката на планетата и излегува од неа на секои 90 минути.

Новиот телескоп за вселенски набљудувања го добил името по научникот кој бил задолжен за развојот на НАСА во текот на 1960-тите.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната