Утрински Весник
Македонија

Лабораторијата за вирусологија успешно го помина надворешниот тест на компетентност за детекција на САРС-Ков-2

Лабораторијата за вирусологија успешно го помина надворешниот тест на компетентност за детекција на САРС-Ков-2

Лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје го помина со максимален успех надворешниот тест на компетентност за детекција на САРС-Ков-2, спроведен од Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ).​ Ова е исклучително значајно признание со кое се потврдуваат заложбите на здравствениот систем за справување со вирусот Ковид-19., соопшти Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче, вчера ги посети вработените во Институтот и им честиташе за успехот.

„Неодамна, експертски тим од Светската здравствена организација ја прогласи лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје за национален инфлуенца центар и рамноправен член на глобалниот систем за надзор и одговор на грип. За таа цел, експертскиот тим спроведе мисија за проценка и верификација на капацитетите на лабораторијата. Сето ова е уште една потврда за квалитетот на резултатите кои произлегуваат од лабораторијата на Институтот за јавно здравје, заедно со конфирмацијата на резултатите од референтната лабораторија на СЗО за детекција на САРС-Ков-2 – Шарите од Берлин, Германија“, изјави министерот Филипче.

Лабораторијата за​ вирусологија е опремена со високо софистицирана опрема и современи и валидизирани реагенси и тестови, а воедно е кадровски екипирана со искусен и добро обучен персонал.​

Оваа лабораторија​ е​ референтна лабораторија во земјата за детекција на вирусни заболувања, вклучувајќи​ грип, морбили и рубеола, арбовируси (западно нилска треска, усуту вирус, вирус на крлежен енцефалкит, ЗИКА, вирус на рифт валеј треска и др), како и вируси на хеморагични трески – хантавирус, кримско-конгоанска треска и други.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци