Утрински Весник
Македонија

Коста Петров:Членството во НАТО е историски успех, значи политички силна земја и просперитет на долг рок

Коста Петров:Членството во НАТО е историски успех, значи политички силна земја и просперитет на долг рок

Скопје, 13 февруари 2020

Шпанија ја прифати брзата патека за ратификација на нашиот Протокол за членство во НАТО.

Членството на нашата земја во НАТО сега е прашање на денови!

Сите анализи потврдуваат – Членството во НАТО значи политички силна земја, просперитет на долг рок,  брз економски раст, поголем прилив на странски инвестиции и намалување на невработеностa.

Членството во НАТО значи и поголеми инвестии во образованието, здравството, регионалната интеграција и еднаква распределба на приходите.

Само како пример, по пристапувањето кон НАТО во 2004 година, БДП-то на Естонија скокна од 6.5% на 9.5%, а во Латвија од 8,7% на 10,6%. По влезот на Естонија во НАТО странските инвестиции тројно се зголемија од 965,8 милиони долари на 3,1 милијарди долари. Ваквите трендови на забрзан економски раст се забележани кај сите нови членки на НАТО но и кај нас.

Факт е дека платите се зголемија во сите сектори. За само 2,5 години минималната плата ја зголемивме за 60%. Просечната плата има историски најбрз и највисок раст. Економијата од -1.8% за само 2,5 години повторно расте и до 4%. Невработеноста ја намаливме на историски најниски 17,1 отсто, отворивме над 60.000 нови работни места.

Овој историски успех уште еднаш потврди дека храбрите чекори секогаш водат кон позитивни резултати. Денес, ние сме признаени од целиот свет. Загарантиран е нашиот идентитет, нашиот јазик но и нашата иднина. Ерата на себеперцепција на жртва и официјално заврши!

Нашиот влез во НАТО е резултат на тимска работа и јасна колективна визија. И токму поради тоа сакам јавно да изразам благодарност до сите пратеници од можеби најхрабрата пратеничката група на СДСМ во историјата на македонското собрание но и на сите пратеници од другите партии кои беа свесни за историската одговорност која ја имаат,  и за храбрите одлуки што ги донесоа во овие две и пол години.

Сега веќе враќање назад нема! Време е сите заеднички да се радуваме на овој историски успех но и заеднички да продолжиме да работиме за доброто на сите граѓани на нашата земја.

Коста Петров, потпретседател на СДСМ, СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец