Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Коронавирусот може да предизвика долгорочна еректилна дисфункција кај мажите, предупредуваат експертите

Коронавирусот може да предизвика долгорочна еректилна дисфункција кај мажите, предупредуваат експертите
300x250 opst2

И додека земјите во светот ја чекаат вакцината против коронавирус, експертите предупредуваат дека дури и и благ случај на вирусот може да предизвика долгорочни компликации.

И покрај тоа што третманите за лекување се подобрени и вакцината е на пат, луѓето треба да бидат свесни за компликациите поврзани со вирусот, вклучително и можноста за „еректилна дисфункција“, објаснуваат лекарите.

Експертот за инфективни болести д-р Дена Грејсон неодамна ги предупреди сите да не се олабавуваат додека светот ја чека вакцината.

„ Мажите би можеле да имаат долгорочни проблеми со еректилна дисфункција од овој вирус затоа што знаеме дека предизвикува проблеми со крвните садови.. Ова е нешто што навистина предизвикува загриженост. Не само што овој вирус може да ве убие, туку всушност може да предизвика и долгорочни, доживотни, потенцијални, компликации “, вели Грејсон.

Иако се чини дека голем дел од луѓето закрепнуваат од Ковид-19, Грејсон сепак предупредува дека очекуваат да гледаат повеќе „долгорочни негативни последици од инфекцијата“, како што одминува времето, вклучително и невролошки компликации.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот