Утрински Весник
Свет

Кон Флорида се приближува ураган, прогласена е вонредна состојба

Кон Флорида се приближува ураган, прогласена е вонредна состојба

Ураганот Исаија сврте кон запад, кон Флорида, која се очекува да ја погоди денеска, а потоа источниот дел на САД во понеделник.

Националниот центар за урагани издаде предупредување за Флорида и соопшти дека Исаија може да донесе силно невреме, дожд и ветрови денеска попладне и во текот на целата ноќ.

Поради можноста од ураган од категорија 1 да ја погоди Флорида, властите ги затворија местата за тестирање на коронавирус, а жителите се снабдија со основни продукти.

„Иако сегашните предвидувања велат дека центарот на ураганот Исаија би можел да остане на море, ситуацијата би можела да се промени многу брзо“, изјави за новинарите гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис.

Де Сантис прогласи вонредна состојба за десетина окрузи на атлантскиот брег на Флорида, и исто така и владиниот гувернер за Северна Каролина, Рој Купер, предвидувајќи невремето да го погоди брегот на неговата држава во понеделник.

Гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мек Мастер, изјави пред новинарите дека нема планови да прогласи вонредна состојба, велејќи дека смета оти тоа не е потребно.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Расте бројот на жртви – четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург

Трагедија во Германија: Автомобил влета во толпа на божиќен саем, најмалку 11 загинати

Руско Министерство за одбрана: Како одговор на украинските напади, Русија гаѓаше цели на безбедносните служби во Киев