Утрински Весник
Политички Партии

Ковачки: Ковачевски залудно ретерираше, неговиот предлог пропадна, следи оставка

Ковачки: Ковачевски залудно ретерираше, неговиот предлог пропадна, следи оставка

 

„ВМРО-ДПМНЕ и народот победија. Последниот предлог кој ќе значеше бугаризација на Македонија пропадна. Напорите кои што ги вложивме заедно со народот ја спасија нацијата од асимилација. Победата е наша, бидете горди, затоа што сите вие сте дел од генерацијата која спречи бугаризација“ изјави попладнево на прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Димитар Ковачевски, кој сега од Брисел ретерираше е човекот кој ја донесе Македонија во подредена и срамна положба, на чекор од целосно бришење на идентитетот, јазикот и историјата. Димитар Ковачевски 6 месеци преговара и го договара овој предлог. Овој срамен и понижувачки предлог кој директно е на штета на македонските национални интереси“ рече Ковачки.

Пратеникот од опозициската партија напомена дека „барањата и објаснувањата од македонската влада биле:

  1. Меѓувладината конференција да отпочне  веднаш, а се друго во предлогот било во ред и било прифатливо за нив;
  2. Побарале предлогот да оди на брзо усвојување во Бугарија, со цел македонската јавност да не се запознае во детали со предлогот, а во тоа брзање и налет, оваа влада на СДСМ и ДУИ имале план да направат еуфорија дека почнуваме преговори. Веќе употребена лоша тактика, која ВМРО-ДПМНЕ и народот ја препознаа;
  3. Со така создадената еуфорија сакале да ја применат нивната политичка тактика – „морков или стап“ надевајќи се дека ВМРО-ДПМНЕ и народот ќе немаат избор освен пред свршен чин да ги поддржат уставните измени“.

Според Драган Ковачки, „Ковачевски, СДСМ и ДУИ го потценија македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ, но уште еднаш покажавме дека заедно никогаш нема да дозволивме ова да се случи, затоа што гласно кажавме НЕ“.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски требаше да му каже „Не“ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата

ВМРО-ДПМНЕ: Јазикот не е гарантиран, власта на Ковачевски прифаќа Бугарија да ни ги пишува учебниците

СДСМ: Мицкоски рака под рака со Апасиев дејствува против ЕУ