Утрински Весник
Економија

Ковачевски: До 15 април ќе бидат испорачани и монтирани најголем дел од инвертерите

Формирана комисија за спроведување на мерката за клима инвертери

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски очекува до крајот на грејната сезона да бидат исопрачни и монтирани најголем дел од инверторите во Битола, Кичево, Тетово и Скопје за кои компанијата одвои 10 милиони евра од својот буџет како мерка за намалување на загадувањето во четирите најпогодени градови во државата.

-Процедурата е веќе во постапката. Грејната сезона трае до 15 април и се надевам дека најголем дел од клима инвертерите до 15 април ќе бидат испорачани и монтирани. Но, тука не се запира. Оваа мерка ќе трае и понатаму и не е само за оваа грејна сезона. Како што имаше најава од Владата на прес-конференцијата кога се промовираше оваа мерка беше кажано дека покрај овие градови за наредната грејна сезона ќе бидат вклучени и други градови од нашата држава, рече Ковачевски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Како компанија, потенцира, имавме обврска од Владата да ги обезбедиме средствата за оваа еколошка мерка во висина од 10 милиони евра што и го направивме.

-Средствата ги пренесовме до Буџетот и потоа се трансферирани во општините Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје. Следна фаза е општините на седница на Совет да донесат одлука за мапирање за зоните и одлука кои компании можат да даваат клима инвертери и кои од граѓаните ќе можат да аплицираат, појасни Ковачевски.

Во Битола, додаде, мапирањето е веќе извршено точно по зони онаму каде што има најголемо загадување, претежно во центарот на градот и многу малку на периферијата.

-Во таквите зони е дадена можноста граѓаните да аплицираат и да ги заменат старите начини на греење на други фосилни горива и за сметка на тоа ќе добијат еколошки клими инвертери. Категорички демантирам дека тука има политичка заднина и дека граѓаните се делат по политичка припадност или неприпадност, рече Ковачевски. вј/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

Димитриеска-Кочоска: Ограничувањето на маржите нема ефект, потребни се поефективни мерки

Онлајн шопингот проработе и во Македонија: 63.5% од граѓаните купуваат преку интернет