Утрински Весник
Спорт

Клубовите од Премиер лигата можат да ја завршат сезоната во Австралија

Клубовите од Премиер лигата можат да ја завршат сезоната во Австралија

Лондон, 3 мај 2020 (МИА) – Останатите натпревари од фудбалскиот шампионат на Англија можат да се случат во австралискиот град Перт, пренесува „Сан“.

Главната идеја е да се спроведат натпревари во Англија на неутрални полиња подалеку од густо населени места. Постоењето на опција со Австралија го потврди и новинарот Гери Вилијамс.

– Имав преговори со претставници на клубовите во Премиер лигата, им се допадна идејата, рече Вилијамс. – Комуницираат со владини службеници, тие се ентузијасти. Овде е безбедно. Властите кренаа многу ограничувања.

Постојат четири големи стадиони во Перт кои англиските клубови можат да ги користат. Претходно беше објавено дека сезоната може да продолжи на 8 јуни. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026