Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Клоп за трката со Сити: Треба да победиме на сите натпревари до крајот на сезоната

Клоп за трката со Сити: Треба да победиме на сите натпревари до крајот на сезоната
Img 7972

Ливерпул се вратија во трката за шампионската титула во Премиер лигата. По убедливиот триумф над Лидс (6:0), „црвените“ ја намалија предноста на лидерот на Манчестер сити на само три бода.

Во случај, на крајот од првенството, двата тима да завршат со ист број на бодови, за титулата ќе решава гол разликата. Во овој момент, гол разлиата на Ливерпул е +50, а на Сити +46.

„Ја намаливме разликата на три бода до овој викенд, а потоа Сити веројатно ќе победи и разликата повторно ќе биде шест поени. Ако ги добиеме сите натпревари до крајот имаме шанса да ја освоиме титулата“, рекол тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

До крајот на сезоната во Премиер лигата има уште 12.рунди. Една од нив го носи и меѓусебниот дуел на овие два тима.

„Мислам дека за сите кои ова го гледата од страна е подобро разликата да биде три или шест поени, а не да изнесува 20 или 30. Вака е возбудливо, а ние мораме да добиеме многу натпревари, многу тешки противници, а тоа нема да биде лесно“, заклучил Германецот.

> Клоп за трката со Сити: Треба да победиме на сите натпревари до крајот на сезоната <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај