Утрински Весник
Спорт

Кина забрани ТВ преноси од Премиерлигата зошто ќе се изразува солидарност кон Украина

Кина забрани ТВ преноси од Премиерлигата зошто ќе се изразува солидарност кон Украина
Dik 300x250 mk

Кина ги забрани ТВ преносите од натпреварите од англиската Премиерлига овој викенд. Причината се планираните манифестации на солидарност кон Украина, кои ќе ги има на сите натпревари од шампионатот.

Викендов капитените на тимовите ќе носат специјални ленти со боите на Украина, а на .-бимовите на стадионите ќе пишува „Фудбалско останува заедно“. Пред секој натпревар ќе има момент кога играчите и навивачите ќе ги изразат своите симпатии за Украина.

Премиерлигашите објавија дека се „целосно против постапките на Русија“.

„Повикуваме на мир и нашите мисли се со сите кои се засегнати“, додаваат во својот став од елитата на англискиот фудбал.

> Кина забрани ТВ преноси од Премиерлигата зошто ќе се изразува солидарност кон Украина <

Можете да прочитате

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа