Утрински Весник
Магазин

Кевин Фиџ откри детали за претстојниот филм „Фантастична четворка“

Dik 300x250 mk

Шефот на филмскиот универзум на „Марвел“, Кевин Фиџ, конечно сподели нешто за многу очекуваниот филм Fantastic Four („Фантастична четворка“).

dobivaj vesti na viber

И по објавувањето на датумот на неговата премиера – 8 ноември 2024 година – Кевин откри уште еден детаљ за филмот.

Во интервју за „Холивид репортер“, Фиџ објасни дека филмот ќе биде приказна каква што досега не сме виделе.

Тој потврди дека Fantastic Four ќе има исти третман како „Спајдермен“. Со други зборови, нема да видиме како се одвива приказната за потеклото.

Со оглед на одличната работа направена на филмовите за човекот-пајак, каде што не само што беше непотребна приказна за потеклото, туку и трилогијата на филмови му оддаде почит на наследството на суперхеројот, има причина да се очекува дека Fantastic Four ќе биде импресивен филм.

Можете да прочитате

Ивана Југ со емотивен статус по смртта на уште еден од осудените за 27 април

Проблематични комбинации: Еве што не смеете да пиете со кафе

Трик на домаќинките за најдобра кисела зелка