Утрински Весник
Свет

Католички верници се собраа пред катедралата Нотр дам

Католички верници се собраа пред катедралата Нотр дам

Стотици католички верници се собраа на Велики петок, да се молат и да пеат заедно пред катедралата Нотр Дам во Париз.

Собирот се случи три години откако нејзиниот покрив беше уништен во огромен пожар.

„ Веруваме дека сте тука со нас, до нас, за да ни го вратите мирот додека се наоѓаме во срцето на бурата“, рече ректорот на катедралата Патрик Шове на плоштадот пред познатата зграда, пренесува „Ројтерс“.

Шове ја водеше службата заедно со надбискупот Жорж Понтие, кој привремено е на чело на Париската надбискупија откако Мишел Опти поднесе оставка на крајот на минатата година.

Претседателот Емануел Макрон вети дека повторно ќе ја отвори црквата за верниците до 2024 година, кога ќе се одржат Олимписките игри во Париз.

Катедралата Нотр Дам, која е од 12 век, беше затворена поради реставрација, бидејќи пожарот во 2019 година го уништи покривот и ја уништи кулата на ужас на Французите и туристите, наведува британската агенција.

Можете да прочитате

Падна француската влада – парламентот ѝ изгласа недоверба

Трамп по рацијата во Хјундаи: Почитувајте го законот и обучете ги Американците за вашата работа

Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот