Утрински Весник
Спорт

Кармело Ентони: Ние со Леброн, Пол и Вејд сонувавме да играме за истa екипа

Кармело Ентони: Ние со Леброн, Пол и Вејд сонувавме да играме за истa екипа

Портланд, 21 април 2020 (МИА) – Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони, преку социјалните мрежи ја кажа заедничката желба што ја имал тој и неговите пријатели и кошаркарски ѕвезди Леброн Џејмс, Крис Пол и Двејн Вејд.

– Ние со Леброн, Пол и Вејд сонувавме да играме во ист тим, изјави Ентони.

Ентони, Џејмс, Пол и Вејд се познати како Банана брод тим. Нив почнаа да ги нарекуваат така по познатиот заеднички одмор и возење на „банана“ на Бахамите.

Токму на тој одмор Леброн го спасил Ентони кого при едно пливање морската вода почнала да го носи на отворено. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026