Утрински Весник
Свет

Канада повлекува дел од својот дипломатски персонал од Украина

Канада повлекува дел од својот дипломатски персонал од Украина

Канада привремено ќе го повлече несуштинскиот персонал и преостанатите зависни членови на семејството на нејзината амбасада во Украина, објави денеска канадското Министерство за надворешни работи, во екот на меѓународната криза предизвикана од распоредувањето руски војници долж границата со Украина.

„Додека продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата, наш највисок приоритет останува безбедноста на Канаѓаните. Нашите службеници се подготвени да обезбедат конзуларна помош за канадските граѓани по потреба“, се вели во соопштението на Министерството, потврдувајќи дека канадската амбасада во Киев останува отворена.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот