Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Кампања на СВР Скопје за преземање на зајакнати превентивни мерки за носење заштитна опрема

Кампања на СВР Скопје за преземање на зајакнати превентивни мерки за носење заштитна опрема
300x250 opst2

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во соработка со  „Скопје Сити Мол“ пред влезот на овој трговски објект реализираше превентивна акција во рамки на кампањата за заштита од вирусот „Ковид 19“, со цел да се потсетат граѓаните на стриктно почитување на пропишаните протоколи од Комисијата за заразни болести, особено носењето заштитна маски, а во контекст на започнување со работа на трговските центри и обложувалниците.

Со оваа проектна активност Одделението за превенција планира да ги опфати сите трговски центри на подрачје на Град Скопје, спортските обложувалници, а корисниците ќе се информираат за потребата од придржување согласно протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Од страна на полициските службеници на граѓаните им се делеа заштитни маски и ракавици обезбедени од правните субјекти кои стопанисуваат со наведените објекти со укажување дека доколку не се придржуваат кон препораките ќе бидат санкционирани. Министерството за внатрешни работи апeлира го граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата и да користат  соодветна заштитна опрема со цел заштита на сопственото здравје. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Филипче: Во Тетово се газат државните симболи, а Владата молчи, тоа е лицемерието на ДПМНЕ